На телефонската линија „Ало докторе“ минатата недела медицински совет побарале 1.375 граѓани. Од 15 септември 2014 година до вчера имало вкупно 149.692 повици.
Линијата е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет достапни се 25 доктори за јавувањата од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата најчесто се за совети поврзани со променливото време, хронични заболувања, респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, покачена телесна температура, сезонски настинки и симптомна болка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.