| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела 1.114 повици на „Ало докторе“

ало доктореИзминатите седум дена, од 17 август до вчера, регистрирани се 1.114 повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“. Јавувањата најчесто се за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, стомачен вирус и симптомна болка.

Како што информира Министерството за здравство, од 15 септември, од кога почна да работи телефонската линија, досега има вкупно 48.575 повици.

Линијата е достапна секој ден, 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на симптоми на нарушување на здравјето. Дваесет и двајца доктори се достапни за медицински совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На линијата „Ало докторе“ често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата што редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок. На сите лица што побараа медицински совет им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top