| четврток, 6 декември 2018 |

На „Ало докторе“ досега 145.832 јавувања

Вкупно 145.832 повика се регистрирани на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ од 15 септември 2014 година, кога е отворена.

Линијата 02/15123 е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. Во изминатите седум  дена имало 1.196 јавувања.

На повиците одговараат 25 доктори, а јавувањата се најчесто за совети поврзани со  променливото време, хронични заболувања, респираторни, кардиоваскуларни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, сезонски настинки и симптомна болка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top