| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарите од „Ало докторе“ цела година се без плата

Речиси цела година, 25 ангажирани лекари во кол центарот „Ало докторе“ работат без пари, објави „Сител“.

Од јануари досега не земале ниту денар, а неделно имаат повеќе од 5 илјади јавувања. Петмина од нив веќе се откажале од ангажманот бидејќи не сакаат да работат без финансиски средства. Револтираните специјалисти на здравствените власти им даваат рок од еден месец а им ги исплатат сите заостанати плати, или повеќе нема да дежураат.

  • Работиме со ентузијазам, но повеќе не се издржува. Доколку до крајот на декември не бидеме исплатени, од први јануари 2019 никој од нас нема да доаѓа на работа и да одговара на повиците од граѓаните – изјавиле за „Сител“ ангажираните специјалисти во „Ало докторе“.

Од министерството за здравство велат дека со ребалансот на буџетот биле предвидени пари за Ало докторе и ќе ги регулирале заостанатите обврски. Но лекарите велат дека тоа ветување го добивале од јуни досега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top