| четврток, 6 декември 2018 |

Глигоров: Ни треба поддршка од публиката за победа против Луксембург

Никола Глигоров се враќа во фудбалската репрезентација на Македонија за квалификацискиот дуел против Луксембург, што ќе се игра задутре, четврток од 20.45 часот, а играчот на Вардар посакува прва победа во новиот циклус.

Мило ми е што се враќам во репрезентацијата, за мене ова е прв повик од селекторот Ѓуровски и ќе дадам сѐ од себе да помогнам за да ја оствариме целта. Нѐ очекуваат два натпревари против Луксембург и Украина, сега се фокусираме на првиот, играме дома и ни треба победа. Се надевам дека сите ќе ја сфатиме обврската и ќе се подготвиме на вистински начин. Треба да се фокусираме на методите на работа на селекторот и мислам дека ќе успееме. Ни треба позитивна атмосфера и поддршка од публиката вели Глигоров.

Добра вест за селекторот Бошко Ѓуровски е што конечно е добиена битката со Хрватите за фудбалерот на Динамо Загреб, Аријан Адеми. Играчот за врска на популарните „модри“ пристигна во Скопје на првиот тренинг пред дуелот со Луксембург и ќе настапи задутре на арената „Филип Втори“ во дресот на Македонија.

Натпреварот со Луксембург ќе се игра во рамките на второто коло во групата Ц за пласман на ЕП 2016 во Франција. Во првата рунда ние загубивме од Шпанија со 1-5, а Луксембуржаните ремизираа, 1-1, со Белорусија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top