| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија го започнува процесот на скрининг за преговорите со ЕУ

На 27 септември започнува подготвителниот период за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.

Вицепремиерот и шеф на делегацијата на Македонија за преговори со ЕУ Бујар Османи на прес-конференција денеска објави дека ќе ја предводи македонската делегација во Брисел која на 27 септември ќе го започне скринингот за поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права. Во делегацијата, која ќе брои четириесетина лица од повеќе институции, ќе биде и министерката за правда Рената Дескоска.

Скринингот на сите поглавја треба да биде заокружен до јуни 2019 година.

Владата денеска објави јавен повик за пријавување на надворешни експерти за процесот на преговори. Целта е да се направи база на експерти од сите области, рече Бојан Маричиќ, главен технички преговарач и шеф на преговарачкиот тим, кој нагласи дека тоа нема да значи исклучување на граѓанското општество од процесот на преговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top