недела, 20 јануари 2019 | Вести денес: 0 ново

Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)

Институтот за комуникациски студии изработи документарен филм „До кога ќе шумат шумите?”.

Над 35 илјади хектари шума се загубени во Македонија во последните 17 години, поради бесправна и прекумерна планска сеча на дрва, покажува извештајот на „Глобал форест воч”. Проценките се дека шумската мафија заработува и до 25 милиони евра годишно од нелегалното сечење дрвја. Сепак, службена одговорност во МВР и во Македонски шуми досега нема. Научниците предупредуваат дека за масовното пустошење на шумите придонесува и планското сечење, како што е случајот со изградбата на гасоводот на Водно од страна на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top