Непознат сторител ја ограбил црквата „Свети Антониј“ во струшкото село Глобочица при што одзел една месингана круна за венчавки и две илјади денари.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кражбата била извршена во периодот помеѓу први и шести овој месец.
– Непознатиот сторител, преку прозорец влегол во внатрешноста на црквата. Тој го скршил прозорецот од источната страна на црквата и со употреба на подесен алат и физичка сила успеал да го отвори. Веднаш започнал со пребарување во внатрешноста на црквата по што противправно ги одзел парите во различни апоени и месинганата круна, вели Димоски.
Полициската станица од Струга, по увидот што го извршила на лице место презема мерки за пронаоѓање на сторителот на тешката кражба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.