| четврток, 6 декември 2018 |

Спектакуларен грабеж во Лион: Пинк пантери ја украле Круната на Богородица

krazba pink panteri
Круната на Богородица од 19 век со околу 1800 скапоцени камења била украдена ноќта меѓу петокот и саботата од Музејот за религиска уметност во Лион.
Според првичните процени, украдениот накит чинел најмалку милион евра, а се укажува дека грабежот го организирале Пинк пантери.
– Крадците упаднале во музејот точнов о 3.27 часот и успеале да го онеспособат софистицираниот безбедносен систем и за кратко време успеале да го украдат централниот примерок, пренесуваат француските медиуми.

Иако полицијата за рекордно време стигнала на местото на настанот, од крадците немало ни трага ни глас.

Од музејот прецизираат дека на крината имало 1781 бесценет камен, кои минатата година биле прецизно попишани, па тоа би можело да го олесни откривањето на крадците. Освен круната, која може да достигне и 2 милиони евра, крадците со себе понеле и прстен и пехар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top