| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во соседството: Мистеријата на исчезнувањето на круната на хрватските мисици

Круната што ја носеле хрватските мисици се продава за 60.000 куни (околу 480.00 денари) на оглас

Kruna

По многубројните политички афери, Хрватска ја тресе аферата „Круна“ откако на интернет се појави глас дека се продава круната на мис на Хрватска.

„Круната е изработена од бело и од жолто злати, украсена со девет бисери и со 12 циркони“, пишува во описот, а најинтересно е тоа што на неа се изгравирани имињата на убавиците Фани Чапалија, која победила во 1993 година, Бранка Бебиќ, мис на Хрватска за 1994 година и Аница Мартиновиќ, најубавата Хрватка во 1995 година.

Засега сѐ уште не е познато како дошло до продажба на вредниот предмет и како бил изнесен од трезорот во кој се чувал со години.

Дирекцијата на Мис на Хрватска од деведесеттите години тврди дека круната ја чувала во трезот во Словенија во „Златарна Целје“, а денес не знае каде се наоѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top