| четврток, 6 декември 2018 |

Мис на светот ќе остане без круна поради топлес фотографии?

Филипинката Меган Јанг, која ја освои титулата мис на светот за 2013 година, се најде во центарот на скандал.

Таа би можела да остане без круната поради тоа што, наводно, се сликала топлес, што е против правилата на ова натпреварување.

Јанг во 2012 година позирала за списанието „Rogue“, разголена како дел од кампања за бикини.

На неколку од фотографиите се гледа дека таа не го носи горниот дел од костимот за капење.

И додека некои бараат на Меган Јанг да ѝ се одземе круната, од филипинскиот табор тврдат дека се работи за „валкана кампања“.

megan jang toples

 

megan jang toples 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top