| четврток, 6 декември 2018 |

Украдена круната за венчавки во црквата „Свети Антониј“ во Глобочица

kruna

Непознат сторител ја ограбил црквата „Свети Антониј“ во струшкото село Глобочица при што одзел една месингана круна за венчавки и две илјади денари.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кражбата била извршена во периодот помеѓу први и шести овој месец.

– Непознатиот сторител,  преку прозорец влегол во внатрешноста на црквата. Тој го скршил прозорецот од источната страна на црквата и со употреба на подесен алат и физичка сила успеал да го отвори. Веднаш започнал со пребарување во внатрешноста на црквата по што противправно ги одзел парите во различни апоени и месинганата круна, вели Димоски.

Полициската станица од Струга, по увидот што го извршила на лице место презема мерки за пронаоѓање на сторителот на тешката кражба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top