| четврток, 6 декември 2018 |

Штипската болница демантира – 15-месечното бебе не било затруено

bebe_meksiko

Од штипската болница ги демантираат информациите на некој од медиумите дека 15-месечно бебе било затруено со отров за глувци во градинка.

Од таму за „Република“ велат дека бебето било донесено под сомневање за труење, но според првичните анализи утврдено е дека не станува збор за никакво труење.

-Бебето е донесено под сомневање за труење, но неговата здравствена состојба не е толку сериозна и нема знаци на труење – велат од болницата во Штип. Подетални информации ќе следуваат во текот на денот.

Некои од медиумите денес информираа дека 15-месечно бебе било затруено со отров за глувци во градинка  и било веднаш пренесено во болница каде му е даден противотров и му е испрано сотмачето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top