Од штипската болница ги демантираат информациите на некој од медиумите дека 15-месечно бебе било затруено со отров за глувци во градинка.
Од таму за „Република“ велат дека бебето било донесено под сомневање за труење, но според првичните анализи утврдено е дека не станува збор за никакво труење.
-Бебето е донесено под сомневање за труење, но неговата здравствена состојба не е толку сериозна и нема знаци на труење – велат од болницата во Штип. Подетални информации ќе следуваат во текот на денот.
Некои од медиумите денес информираа дека 15-месечно бебе било затруено со отров за глувци во градинка и било веднаш пренесено во болница каде му е даден противотров и му е испрано сотмачето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)