Ждрепката за националнито куп во кошарка што денеска се одржа во просториите на КФМ, им се погоди на вечните ривали МЗТ Скопје и Работнички. Двата тима од Скопје ќе можат да играат само во финалето за трофејот секако ако претходно ги победат ривалите во четврт-финалето и во полуфиналето. Трофејот го брани тимот од Аеродром, МЗТ, а на пехарот од 6 до 9 февруари ќе атакуваат и Струмица, Кожув, Куманово, Фени, Лирија и Соколи.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ (6 и 7 февруари)
(1) МЗТ Скопје – Струмица
(2) Кожув – Фени И.
(3) Работнички – Куманово
(4) Лирија – К. Соколи
ПОЛУФИНАЛЕ (8 февруари)
(5) Победник 1 – Победник 2
(6) Победник 3 – Победник 4
ФИНАЛЕ (9 февруари)
Победник 5 – Победник 6
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.