| четврток, 6 декември 2018 |

Напуштеното одморалиште под Кожуф е продадено за 152 илјади евра

Одморалиштето во Михајлово под Кожуф го купија сопствениците на фабриката за производство на безалкохолни пијалоци „Кожувчанка‘‘ и „Синалко‘‘ Митко Јанчев и на градежната компанија „Градба промет‘‘ Никола Наумов, Драган Тодоров и Никола Ќимов

На конкурс на Министерството за труд и социјална политика тие одморалиштето го купија за 152 илјади евра.

– Штета беше што во изминатите години еден таков убав објект во срцето на Кожуф беше оставен на забот на времето. Планот ни е во најбрзо време да го реновираме објектот и летото по завршувањето на училишната година да биде ставен во функција на децата. Одморалиштето ќе си го врати сјајот од минатото кога генерации и генерации таму поминуваа незаборавни мигови од својот живот, изјави денеска еден од сопствениците, Никола Наумов.

Според најавите на сопствениците постојните објекти во текот на пролетта ќе бидат целосно реконструирани и уште ова лето ќе ги отворат вратите за учениците од општината и регионот со што летувалиштето во целост ќе ја зачува својата првобитна намена. Според развојните планови на новите сосптвеници кои во соработка со општината се договараат за целосна ревитализација и осовременување на одморалиштето. Сигурно е дека нема да ја згаснат основната дејност на летувалиштето, а паралелно се изготвуваат проекти за изградба на нови објекти за развој на планинскиот, зимскиот и спортскиот туризам со што одморалиштето би прераснало ви туристички центар од отворен тип со работа во текот на целата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top