На конкурс на Министерството за труд и социјална политика тие одморалиштето го купија за 152 илјади евра.
– Штета беше што во изминатите години еден таков убав објект во срцето на Кожуф беше оставен на забот на времето. Планот ни е во најбрзо време да го реновираме објектот и летото по завршувањето на училишната година да биде ставен во функција на децата. Одморалиштето ќе си го врати сјајот од минатото кога генерации и генерации таму поминуваа незаборавни мигови од својот живот, изјави денеска еден од сопствениците, Никола Наумов.
Според најавите на сопствениците постојните објекти во текот на пролетта ќе бидат целосно реконструирани и уште ова лето ќе ги отворат вратите за учениците од општината и регионот со што летувалиштето во целост ќе ја зачува својата првобитна намена. Според развојните планови на новите сосптвеници кои во соработка со општината се договараат за целосна ревитализација и осовременување на одморалиштето. Сигурно е дека нема да ја згаснат основната дејност на летувалиштето, а паралелно се изготвуваат проекти за изградба на нови објекти за развој на планинскиот, зимскиот и спортскиот туризам со што одморалиштето би прераснало ви туристички центар од отворен тип со работа во текот на целата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.