| четврток, 6 декември 2018 |

РК Вардар: Го осудуваме секој вид на насилство на терените

Од ракометниот клуб Вардар велат, дека клубот го осудува секој вид на насилство на спортските терени.

По повод вчерашниот инцидент кој се случи за време на натпреварот од Лигата на шампионите во ракомет помеѓу Р.К. Вардар и Р.К. Металург, ракометниот клуб Вардар излезе со соопштение до јавноста.

„За време на вчерашниот натпревар се случи инцидент , каде едно лице се обиде да ја загрози безбедноста на натпреварот и да ја наруши ракометна слика во Македонија  која е на највисоко ниво во нејзината историја.  Иако беше побарано  од страна на РК Металур веднаш  да се прекине мечот,  комесарот за безбедност на ЕХФ и делегатот на натпреварот проценија и одлучија дека безбедноста на натпреварот не е загрозена и дека натпреварот може да продолжи. Сѐ уште не е изготвен официјалниот извештај на ЕХф од вчерашниот натпревар и токму поради тоа сакаме да ги демантираме шпекулациите во јавноста дека Р.К. Вардар е казнет.

Против лицето кое го предизвика инцидентот, кое седеше во М3 блокот, кој не е предвиден за навивачите на Р.К. Вардар, надлежните институции превзедоа  соодветни мерки за санкционирање на истото.

Од Спортскиот Центар Борис Трајковски изјавија дека органзиацијата на овој ракометен спекаткл помеѓу Р.К.  Вардар и Р.К. Металург беше на највискоко ниво, и дека ваквите натпревари треба да бидат пример  за фер и коректно навивање помеѓу навивачките групи како штоа тоа беше случај во вчерашниот натпревар.

За овој изолиран инцидент реагираше и навивачката група Комити која најостро го осудува ова лице кое проба да го наруши угледот на навивачката група Комити и на Р.К. Вардар, која претставува синоним за спортско навивање и тоа како треба да се бодри и подржува клубот кој се сака.

Нашите навивачи остануваат нашиот најважен 8-ми играч!“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top