По повод вчерашниот инцидент кој се случи за време на натпреварот од Лигата на шампионите во ракомет помеѓу Р.К. Вардар и Р.К. Металург, ракометниот клуб Вардар излезе со соопштение до јавноста.
„За време на вчерашниот натпревар се случи инцидент , каде едно лице се обиде да ја загрози безбедноста на натпреварот и да ја наруши ракометна слика во Македонија која е на највисоко ниво во нејзината историја. Иако беше побарано од страна на РК Металур веднаш да се прекине мечот, комесарот за безбедност на ЕХФ и делегатот на натпреварот проценија и одлучија дека безбедноста на натпреварот не е загрозена и дека натпреварот може да продолжи. Сѐ уште не е изготвен официјалниот извештај на ЕХф од вчерашниот натпревар и токму поради тоа сакаме да ги демантираме шпекулациите во јавноста дека Р.К. Вардар е казнет.
Против лицето кое го предизвика инцидентот, кое седеше во М3 блокот, кој не е предвиден за навивачите на Р.К. Вардар, надлежните институции превзедоа соодветни мерки за санкционирање на истото.
Од Спортскиот Центар Борис Трајковски изјавија дека органзиацијата на овој ракометен спекаткл помеѓу Р.К. Вардар и Р.К. Металург беше на највискоко ниво, и дека ваквите натпревари треба да бидат пример за фер и коректно навивање помеѓу навивачките групи како штоа тоа беше случај во вчерашниот натпревар.
За овој изолиран инцидент реагираше и навивачката група Комити која најостро го осудува ова лице кое проба да го наруши угледот на навивачката група Комити и на Р.К. Вардар, која претставува синоним за спортско навивање и тоа како треба да се бодри и подржува клубот кој се сака.
Нашите навивачи остануваат нашиот најважен 8-ми играч!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.