Македонските репрезентативци до 18 години, сензационално загубија од Данска со 56-58, во вториот натпревар од А групата на европското првенство Б-дивизија.
Лошото прво полувреме кога постигнавме само 14 поени, ја чинеше пораз Македонија од апсолутниот аутсајдер од Северот на Европа. Данците не прегазија по 20 минути игра и на одмор заминаа со предност од 32-14.
Во вториот дел нашите кошаркари одиграа подобро, во финишот намалија на 5 поени разлика, на нецели две минути до крајот, но беше предоцна за пресврт и победа.
Андреј Магдевски беше најефикасен во нашиот табор со 16 поени, а дабл-дабл-учинок забележа Младеновски со 14 поени и 13 скока. Лош ни беше процентот на реализирани удари, само 31 посто и тука лежи причината за неочекуваниот несупех. Утре во третото коло играме против Полска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


