Револтирана од приказните дека Лепа Брена е циција, домашната помошничка на фолк дивата решила да раскаже детали од долгиот низ години кои ги поминала вработена во вилата на Бежаниска коса!
-Верувајте ми, Брена е исклучителна жена. Таа кон моето семејство беше иста како кон своето- ја започнала таа приказната.
-Кога и да завршев со работата и тргнував дома, таа ми подготвуваше храна, овошје, сокови, слатки…Не сакаше ни да чуе да си одам со празни раце, а тоа нема врска со платата. За гардероба и да не зборувам. Дури купуваше и капути за мене и моите ќерки и ни даваше облека за сите прилики-ја продолжила својата приказна некогашната помошничка на Лепа Брена.
-Благодарение на неа, моите деца завршија факултети-заклучила таа, додавајќи дека се уште би работела кај неа де не остарела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.