Лепа Брена не може да го дочека март, кога пејачката Александра Пријовиќ, сопругата на Филип Живоиновиќ, ќе се породи и на свет ќе го донесе нејзиното прво внуче. Како што истакнува, ова е време кога, според неа, младата Александра би требало да го остави микрофонот и во целост да се посвети на благодетите на бременоста.
-Искрена да бидам, тоа е нејзина одлука. Но јас не сакам да гледам жени на сцена кои играат и пеат, а имаат голем стомак и постојано се вртат во некои здолништа. Тоа е многу специфичен однос, кога носите дете во себе. Мислам дека за малку посериозни трудници, тоа сепак не е во ред – вели Брена, која со задоволство ја советува Александра кога таа ќе и побара совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.