| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија е најзагадена земја во Европа

Македонија е рангирана за најзагадена земја во Европа со загадување десет пати повеќе од дозволеното, вака започнува прилогот на „Еуроњуз“.

Телевизијата понатаму пренесува дека причината за големото ниво на загаденост е густиот сообраќај и употребата на печките за греење на дрва кои предизвикуваат зголемување на ПМ 10 честичките во воздухот.

Загадувањето секојдневно ги преполнува болниците, а владата ќе го намалела загадувањето за 50 проценти во наредните две години, пренесува „Еуроњуз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top