Селекцијата составена од европски тенисери го освои трофејот во „Лејвер купот“, откако го победи тимот на Светот со 13:8. Предноста од пет победи е недостижна па затоа мечевите предвидени за денеска се откажани.
„Лејвер куп“ е ревијално натпреварување на кое настапуваа голем број тениски ѕвезди. Во Чикаго се појавија Роџер Федерер, Новак Ѓоковиќ, Кевин Андерсон, Џон изнер, Давид Гофан, Александар Зверев,…
– Сакам да оддадам признание на сите играчи кои настапија на ова натпреварување. Ми беше задоволство да сум дел од овој настан, изјави Ѓоковиќ.
Покрај него за тимот на Европа играа и: Федерер, Гофан, Григор Димитров, кајл Едмунд и Жереми Шарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.