Фолкерот Дарко Лазиќ успешно закрепнува во КБЦ Земун, а наскоро ќе биде преместен во еден од болничките апартмани, каде ќе продолжи со лекувањето. За тоа време неговите родители водат медиумска хајка против неговата се уште законска сопруга Ана Севиќ, тврдејќи дека не им дозволува да ја гледаат внуката. Сепак, судејќи според изјавите кои ги даваа во последно време, многумина коментираат дека сакаат да ја дискредитираат поранешната снаа.
Имено мајката на Дарко, Бранка, пред неколку дена изјави дека редовно се гледаат со внуката Лорена, додека после неа таткото на Дарко, Милан раскажа дека не го гледаат девојчето, бидејќи Ана не им дозволува, иако вистината е сосема поинаква.
-Ана не ска да се огласува во медиумите иако тешко поднесува што родителите на Дарко ја валкаат, бидејќи смета дека тоа не го заслужила – вели изворот за Ало и додава дека Дарко веќе шест месеци нема дадено пари за Лорена.
-Тој ветил дека секој месец ќе дава одредена сума на пари за Лорена, додека официјално не се разведат, а после тоа ќе уплаќа алиментација, но тоа не се случи. Знаеше со денови да не се јави за да праша како му е детето. Живееше со ергенски живот и не се грижеше за потребите на ќерката-открил изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.