| четврток, 6 декември 2018 |

На Дарко Лазиќ му се слошило: Срцето забрзано му чукало, се гушел!

Здравствената состојба на Дарко Лазиќ, кој веќе неколку дена се наоѓа во Институтот за рехабилитација Селтерс во Младеновац, нагло му се влошило откако тргнал на физикална терапија.

Имено, само еден ден откако Лазиќ, прв пат после несреќата, застанал на нозе, пејачот, но и медицинскиот персонал се соочиле со нов проблем.

Лазиќ се бори со анксиозност, а првиот напад на паника го доживеал на првата терапија.

-Пациентите во бањата имаат терапија со струја во заедничка соба и никогаш не се сами кога треба да ги прават вежбите. Дарко расположен отишол на првата терапија, но штом излегол од собата, доживеал шок. Во ходникот го пречекале новинари, од кои безуспешно се обидувал да избега. Следувала терапија во преполна соба, а на Лазиќ му било се полошо – рекол извор од  институтот и додал дека на Лазиќ трпел силни болки за време на првата терапија. Сепак направил се што му барале лекарите.

-Не му беше лесно, но стоечки издржа се. Постојано прашуваше: Колку ќе трае терапијата, колку ќе трае терапијата, бидјеќи десната нога многу го болеше. Освен тоа лекарите открија дека има нагмечување на десното стапало, што нивните колеги од КБЦ Земун го немаа откриено-додава изворот и објаснил дека Дарко доживеал напад на паника, штом се вратил во соба.

-Штом медицинските техничари го вратија во соба, на Дарко му се слоши нагло. Притисокот му скокна, срцето забрзано му чукаше, а во ушите му зуеше. Не можеше да дојде до здив, а после на лекарот му рекол дека го обзел неојаснив страв. Лекарите му рекле дека едноставно има напад на паника и дека ќе му помине.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top