| четврток, 6 декември 2018 |

Дарко Лазиќ добил висока температура: Лекарите не знаат што се случува со телото на пејачот!

Дарко Лазиќ се соочува со нов здравствен проблем. Имено тој има благо зголемена температура.

Лекарите во КБЦ Земун на родителите на Дарко им кажале дека е можно да се појавила некоја бактериска инфекција или дека тоа е реакција на туѓо тело, односно на протезата на колкот кој му е имплементиран пред скоро две недели.

-Дарко добил зголемена температура. Тоа ги загрижува лекарите кои го лекуваат. Да не е таа температура, тој веќе би бил на одделение, надвор од интезнивна нега, бидејќи општата состојба  се поправа од ден во ден-рекол еден од роднините на Лазиќ.

Наскоро ќе биде откриена причината на зголемната температура на повредениот пејач, па во склад со тоа ќе реагираат лекарите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top