Заврши и јубилејното издание на Фестивал на музика од светот. Битолската публика имаше можност да ужива во фантастичните концерти на Синтезис, The Quartet, и Фламенко друштвото Екос-Куба.
Фестивалот е поддржан од Министерство за култура, Општина Битола.
За крај на оваа убава музичка приказна, селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“ одлучи оваа година својот хонорар за селектор на фестивалот да го донира во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола.
После концертот,Синтезис пред присутните на фестивалот ја промовираа и својата монографија -20 години музичко постоење на Синтезис, и раскажаа на публиката неколку анегдоти поврзани со нивното долгогодишно постоење и го презентираа албумот „Остров“.
фото: Димитар Петковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.