| четврток, 6 декември 2018 |

Фестивал на музика од светот ќе ги претстави најбрилијантните музичари на Балканот

Деветтото издание на Фестивал на музика од светот ќе ги претстави најбрилијантните музички артисти на Балканот.

ПРВА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР 10.11.2017
20:00 ч. ЉУБОЈНА – гости Џамбо Агушев, Лука МCCL

ВТОРА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР 11.11.2017
20:00 ч. BOŽO VREĆO
21:30 ч. GIPSY GROOVE

ЉУБОЈНА
За Љубојна, создавањето музика која ги поместува границите е начин на живот. Групата е една од најрепрезентативните и најистакнатите на Балканот, која на автентичен начин го пренесува пулсот на македонското музичко битие во отворен звук на светот. Нивните музички ерупции најчесто се опишуваат како постојано менлив спој од жестока енергија, моќниот звук на дувачката секција и традиционалните македонски теми.

BOŽO VREĆO
Божо Вречо е еден од најинтересните и најпознатите изведувачи во доменот на севдахот во последно време.
Њујорк Тајмс вели дека ангелскиот глас на Вречо ја лечи душата и го отвара срцето, и тврди дека “Божо Вречо едноставно е синоним за слобода!”. Тој е исто така и автор на новите севдалинки и се смета за клучен дел од новата генерација на автори кои ја оживуваат традицијата на севдалинките, античката тажна музика на Босна и Херцеговина.

GIPSY GROOVE
Џипси Грув – формиран во 2010-2011, изведува автентична балканска ромска музика во која се влеваат и други музички влијанија како: џез, реге, фанк, ска, днб(драм енд бејс), и т.н. Нивните настапи се харизматични, енергични, и често импровизирани. Џипси Грув е бенд кој свири оригинална ромска музика. Членовите на бендот се од различни етнички припадности и нивните настапи носат културна разновидност, како и интерес за човековите права и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top