Центарот за култура во Битола го најави осмиот Фестивал на музика од светот. Организаторите ја најавија португалската пејачка Тереза Салгуеро, која ќе биде главна музичка ѕвезда на фестивалот.
– Фестивалот ќе почне на 5 ноември со настап на португалската дива со импозантна кариера Тереза Салгуеро. Одбележувањето на нејзината светска кариера Салгуеро го поврза и со градот Битола и тоа е големо признание за нашиот фестивал. Салгуеро настапувала со групата „Мадредеуш“, соработувала со познатиот композитор Збигњев Прајснер, соработувала и со Хозе Карерас, настапувала низ цел свет, минатиот месец беше во Хелсинки, а следната дестинација и е Битола, вели Борче Димитровски, директор на Центарот за култура во Битола.
Селектор на фестивалот е Оливер Јосифовски, кој изрази задоволство од програмата со оглед ан тоа дека е задржан континуитето на настапи на големи музички ѕвезди како Наташа Атлас, Ришард Галијано и Раби Абукалил, а годинава на фестивалот „Музика од светот“ ќе настапи Тереза Салгуеро, која слави 30 години музича кариера.
Според фестивалската програма на 6 ноември во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре“ и Дирекцијата за култура и уметност ќе биде организиран концерт на Карсу Домнес, холанѓанка со турско потекло, талентирана пијанистка, но и концерт на „Њу спарк џез оркестра Балкан“ на кој ќе настапат 15 жени од Балканот, промотори на родовата еднаквост и поттикнувачи за зголемување на бројот на жени музичари и композитори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.