Издавачката куќа Феникс, од 15 ноември до 15 декември 2018 година организира Голем саем на книгата во своите четири продавници во Скопје.
За таа цел, со попусти од 50-80 насто ќе бидат презентирани над 10.000 наслови за возрасни и деца.Меѓу понудените наслови се и книгите: Феминизам од Андре Мишел, Фројд од Ролан Жакар, Антологиите на хорор и крими приказни, Јас сум гениј и Ослободување на прстите од Салвадор Дали, Љубов, убавина и слава од Енди Ворхол и многу други изданија, кои ќе се продаваат со најголеми попусти досега.На Големиот саем на книгата во Феникс, кој ќе се одвива под заедничкиот слоган Книги за сите генерации, ќе бидат изложени боенки, сликовници, енциклопедии, лектири за основно и средно образование, прирачници, хитови и бестселери.Исто така, на Саемот на книгата во Феникс ќе биде промовирано новото списание Тренд филм, а ќе биде организирана трибина на тема Списанијата денес на која ќе бидат претставени и списанијата Книжевна академија и Учење низ игра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.