Јубилејно издание на Саемот на книгата 2018 кој денес се затвора, ја надмина вообичаената посета од страна на читателите. Заклучно со вчерашниот ден, саемот го посетија 21.500 ученици и 23.300 посетители, уживатели на пишаниот збор.
Соработката со Министерството за Култура на Република Македонија како покровител на манифестацијата, Владата на Република Македонија, Град Скопје заедно со ЈСП со воведувањето на двете вонредни линии специјално за најголемата културна манифестација, придонесоа, покрај промената на локацијата на Саемот на книгата, овој саем уште повеќе да го зацврсне неговото постоење. Ова е голем напредок кој резултираше со инзвонредна бројка од 44.300 посетители, а саемот уште не е завршен. Кога сите релевантни институции ќе ја дадат поддршката за ваква манифестација, успехот е неизбежен – изјави Сања Кондарко – проект менаџер на Саемот на Книгата.
Во рамките на програмата на Промотивниот центар вчеравечер се доделија наградите во организација на Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), како и доделувањето на награди организирано од страна на Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ).
На 30. јубилејно издание на Саемот на книгата 2018, кој се затвора денес, се претставија 70-тина издавачки куќи од Македонија и од регионот (Србија, Црна Гора, Косово, Албанија).
Саемот се организира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија.
Скопски саем, по повод 30. годишниот јубилеј, за најмладите, учениците, обезбеди бесплатен влез, поради тоа што оваа манифестација е наменета за развојот на културата на читање. – додаде Сања Кондарко
30 години читаме со задоволство
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.