-Регионалната програма насловена “Македонија чита“ ќе ја предводи Горан Стефановски, драмски писател од светски глас, чии драми се изведуваат на сцените ширум светот. Неговото гостување на Пулскиот саем ќе се памети по премиерно претставување на неговата книга “Одисеј и други драми“, публикувана од Хрватската универзитетска издавачка куќа, што е прв воопшто превод на овој истакнат автор, објавува хрватскиот весник “Глас Истре“.

Воедно, во Пула ќе се претстават и македонските автори Румена Бужаровска, Никола Маџиров, Лидија Димковска, Роберт Алаѓозовски, Елизабета Шелева, Артан Садику, Владимир Јанковски, Љуљзим Хазири.