На 15 ноември 2018 (четврток) во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, младиот актер од македонско потекло кој завршил актерско мајсторство, а живее и работи во Република Бугарија, Игор Дамјанов ќе ја изведе монодрамата „Страстите на Илија“ на македонски јазик од бугарскиот драматург и режисер Димо Дешев, а во режија на неговиот професор Чавдар Крстев.
Претставата се изведува во галеријата на КИЦ на РМ, а во нејзиното визуелно обликување учествуваа и истакнатите ликовни уметници Иво Пецов и Марјан Ѕин.
Инаку изведбата на монодраматата „Страстите на Илија“ е еден вид раритет, која што од 1986 година до денес е играна во Плевен, Ќустендил, Видин и други места, а токму на 15-ти ноември ќе има во исто време две изведби – едната во КИЦ на РМ, а другата во „Нов театар“ во НДК во 19 ч. и двете изведби, во Софија.
Овој краток монолог на Дешев, всушност е епитаф на осаменоста со светецот, а примарно станува збор за тагата и осаменоста на напуштениот човек.
За сезоната 2019 година планирано е гостување на монодрамата во повеќе македонски и бугарски театри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.