Актерот Петар Темелковски денеска ќе им се претстави на гевгеличани со монодрамата „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, која премиерно беше изведена минатиот месец во Велес.
– Вапцаров е редок поет кој е преведуван на стотина јазици. Тој е поет на целиот свет, бидејќи напишал толку многу песни за својата земја и воопшто за праведно човештво, рече Темелковски нагласувајќи дека Вапцаров преку повеќе случки од својот живот докажал дека е голем патриот и храбар човек.
Авторскиот проект на Петар Темелковски, работен по повод 75 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, хуманист и поет, Никола Јонков Вапцаров, финансиски е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. За претставата во Гевгелија влезот е бесплатен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.