| четврток, 6 декември 2018 |

Завршува Интернационалниот фестивал на монодрамата „Битола 2017“

Последниот натпреварувачки ден на Интернационалниот фестивал на монодрамата „Битола 2017“ ќе почне со монодрамата „Ирена или не можам повеќе“ во изведба на актерката Мирел Кнез од Словенечкиот театарски институт – Љубљана, а во 20 часот ќе настапи германскиот актер Вили Шлутер, кој ќе ја изведе монодрамата „Одисеј“ од Лим Норевиг.

Изведбата на монодрамски остварувања во конкуренција завршува во 23 часот кога ќе настапи битолчанецот Александар Димитровски, актер во драмското студио „Солза и смеа“.

– „Лолита“ е претстава што ме натера да го откријам талентот во себе и желбата да бидам актер. „Лолита“ е претстава што тешко се игра во тежок жанр како што е монодрамата, но јас сум подготвен  да го издржам тоа. Делото на Владимир Набоков го режирав и е заедничка продукција на Драмското студио „Солза и смеа“, НУ Центар за култура и НУ Народен театар-Битола – истакна актерот Димитровски пред вечерашниот фестивалски настап.

Интернационалноот фестивал на монодрама „Битола 2017“ завршува утревечер со доделување Гран-при и награда од публиката, а во чест на наградените ќе биде приреден концерт на театарска музика под наслов „На светов убавина“ на композиторот Горан Трајкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top