| четврток, 6 декември 2018 |

Германската монодрама „Одисеј“ освои „Гран при“ на фестивалот во Битола (видео)

Монодрамата „Одисеј“ што ја изведе германскиот актер Вили Шлутер е добитник на наградата „Гран при“ – највисокото признание на Интернационалниот фестивал на монодрама што синоќа заврши во Битола.

Меѓународното стручно жири предводено од турскиот драматург и режисер Емре Ердем одлучи да го награди Шлутер, актер во театарот во Хановер, Германија кој го изведе текстот на Лим Норевиг – „Одисеј“.

Според востановената традиција, и на 19. издание на на фестивалот на монодрамата беше доделена награда од публиката, а таа годинава и припадна на актерката Виолета Комар од театарот Рондо во Слупск-Полска. Публиката во Битола ја награди Комар за монодрамата „Дива“ на Магдалена Гауер во режија на Станислав Мјеџиевски.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ го организираше НУ Центар за култура-Битола, а покровител и годинава беше Министерството за култура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top