| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе нема да може да има деца: Дарко поради наркотиците страда од стерилитет?

Пејачот Дарко Лазиќ минува низ вистински делириум, бидејќи поради сериозните повреди кои ги задобил во страшниот судир на 23 октомври и апстиненцијалната криза која го тресе, како што стојат работите, веќе не може да има ни деца.

Имено како што дознава српски Телеграф, на Дарко во крвта, покрај кокаин, хероин, мдмд и останати опијати, му пронашле и супстанци кои ги прават состојките на препаратите за потенција. Извор близок на пејачот открива дека таквиот податок не треба да чуди бидејќи Дарко веќе неколку години ги користи овие стимулатвини средства, поради сексуалната дисфункција со која се бори.

Спермограмите на Лазиќ покажуваат дека сперматозоидите се бавни, што е јасен знак на неплодност.

-Долгодишното дрогирање и секојдневното конзумирање на алкохол довело до тоа Дарко да има големи проблеми со ерекцијата. Поради тоа зема препарати за потенција. Сето тоа го зеде својот данок и предизвика негова неплодност-вели изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top