Родителите на Дарко Лазиќ се во тешка материјална ситуација. На сите можни начини се обидуваат да дојдат до пари, па по ред ги бараат сите луѓе кои соработувале со Дарко.
Последниот од низата броеви кои ги свртеле по тој повод бил бројот на човекот кој на Дарко му продал автомобил минатата година, а со кој Дарко имал сообраќјка на почетокот на годинава, после што го вратил на сопственикот.
Со оглед на тоа дека родителите на фолк пејачот, Бранка и Милан не ги знаат деталите од договорот меѓу нивниот син и продавачот на шкодата, тие го побарале и прашале да не треба да му врати некои пари на Дарко. Човекот бил шокиран, со оглед на тоа дека автомобилот вреден 35.000 евра бил уништен по вина на Дарко.
-Кога им рекол дека ништо не му должи на Дарко, туку дека Дарко нему треба да му ја надокнади штетата, таткото на Дарко се извинил и ја прекинал врската-рекол извор близкот на сопственикот на шкодата.
Дека родителите на Дарко се во лоша финансиска ситуација сведочи и фактот дека тие се интересирале за животното осигурување, кое Дарко не може да го добие поради алкохолот и дрогата најдени во неговата крв. Исто така тие од Ана побарале киријата од станот кој му го дала Гранд продукција од 150 евра, да оди кај нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.