| четврток, 6 декември 2018 |

Очај во домот на Лазиќ: Родителите на Дарко не знаат што да превземат!

Штом ќе заврши болничкиот процес на зазадравување од тешките повреди и ќе биде  пуштен на домашно лекување, Дарко Лазиќ ќе започне со терапија за одвикнување од кокаин.Родителите на пејачот, Милан и Бранка свесни се дека нивниот син е во сериозен проблем, дека е зависен и подготвени се да му помогнат.

Откако пред две недели едвај ја преживеа тешката сообраќјна несреќа, кога наводно под дејство на дрога и алкохол слетал од патот, таткото и мајката на Дарко сфатиле дека синот им е во проблем. Посебно ги погодила информацијата дека Дарко дрога барал и од лекарите, како и дека еден од дилерите се обидел да влезе во собата на пејачот и да му однесе дрога.

-Милан и Бранка ги дотолче кога слушнаа дека Дарко барала дрога и сфатиле дека е во сериозен проблем. Штом го пуштат на домашно лекување за еден месец, по совет на лекарите, ќе разговараат со него и ќе го наговорат да го батали кокаинот, но и алкохолот. Тоа е многу тежок процес, мора да се вклучи целото семејство, на зависникот да му пружат максимална поддршка и безусловна љубов, но и сила, бидејќи тој често ќе упаѓа во кризи-вели извор близок на пејачот и додава дека Милан и Бранка веќе разговарале со експерти.

Слушнале за неколку добри психотерапевти кои работат со зависници кои им изнеле како изгледа процесот на лекување и им рекле дека поддршката на семејството е многу важна, па и тие се подготвени да одат на терапија. Единствен проблем е што немаат доволно финансиски средства тоа да го платат, но многу колеги на Дарко се подготвени да помогнат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top