| четврток, 6 декември 2018 |

Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби

Кога Палермо ја доби титулата Главен град на културата 2018, неговиот градоначалник рече: “Сите победивме”, додавајќи дека најважниот аспект на градската култура на Палермо е нејзината “култура на добредојде”.

Сместен на северното крајбрежје на Сицилија, Палермо не е сличен со ниту еден друг европски град. Низ архитектурата, кујната и обичаите, тука се измешани различни историски периоди.

Тука ќе ја почувствувате трагата која што со себе ја донеле Арапите, воените години и владеењето на мафијата. Оваа наизглед хаотична мешавина, со добра причина, буквално секој турист го збунува и маѓепсува.

До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби. Животот во Палермо се одвива на отворените пазари во градот, а најпознатите се живописните Vucciria, Ballarò и Capo, каде што можете да купите различни овошја, зеленчук, како и одлична стара облека. Вдишувајте мириси и бои и уживајте додека шетате и разгледувате.

SIM-755934

Најголемите ботанички градини на Италија се наоѓаат во Палермо. Истражете ги 25 хектари на Orto Botanico, Winter Garden, Giardino Inglese или Villa Bonnan со впечатливи палмини дрвја.

Една од најубавите градби во Палермо е со сигурност катедралата. Оваа импресивна црква претставува неверојатен спој помеѓу арапското и норманското влијание кои што коегзистираат во совршена хармонија. Од друга страна пак, кога ќе влезете внатре, очекувајте да видите барокни и византиски украси и орнаменти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top