Македонскиот репрезентативен голгетер, Илија Несторовски денес потпиша нов договор со италијански Палермо и во клубот се обврза да остане до јуни 2021 година. Нашиот напаѓач, по продолжувањето на договорот, изјави дека е среќен на новата соработка и додаде дека е подготвен да направи сè за да го врати тимот во елитата на италијанскиот фудбал, односно во Серија А.
За овој потпис зборуваше и првиот човек на Палермо, Маурицио Зампарини, кој изјави дека е горд што во тимот има капитен како Илија, но напомена дека доколку клубот финансиски не може да опстои, ќе мора да го продаде.
– Несторовски? Тој е нашиот капитен и горди сме што го имаме во клубот. Пред секој натпревар си разменуваме СМС пораки, тој е лидер на овој состав. Среќни сме што останува со нас во овој проект, но новите сопственици треба да знаат дека ако клубот нема пари, ќе мора да го жртвувам Илија, зошто на клубот му се потребни средства, изјави контроверзниот претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б