Тимот на Палермо предводен од капитенот Илија Нестороровски и денеска успеа да стигне до важна победа (1-2) на гостувањето кај Кремонесе. За разлика од претходните три натпревари, денеска македонскиот репрезентативен напаѓач не успеа да ја затресе противничката мрежа, но и покрај тоа неговата екипа успеа да стигне до значајна победа на тешкото гостување.
Домаќините дојдоа до водствто во 21. минута, но со голот на Рисполи Палермо изедначи само неколку минути подоцна. Решавачкиот гол за победа го постигна Чочев, кој обезбедни три бода за Палермо.
Тимот од Сицилија по 14 кола е на чело на италијанската Серија Б, а доколку продолжи со одличните игри ќе биде се поблуску до експресно враќање во најсилната италијанска фудбалска лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Трајковски и Несторовски со Палермо на првото место на полусезоната во Серија Б