Македонските фудбалски репрезентативци, Александар Трајковски и Илија Несторовски со својот клуб Палермо се наоѓаат на врвот на табелата во италијанската Серија Б по првата половина од сезоната.
На 21 натпревар Палермо освои 39 бода, вклучувајќи ги и трите од синоќа освоени на дуелот со Салернитана, на кој Трајковски запиша асистенција, а по повредата во тимот се врати капитенот Несторовски.
Од ривалите на Палермо за пласман во Серија А, Фросиноне има два бода помалку, Емполи и Бари собраа по 34, Парма 33, Кремонезе и Цитадела по 32.
Следува пауза до 20 јануари кога Палермо ќе гостува кај Специја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палермо е главен град на културата 2018: До крајот на годината ќе биде домаќин на специјални настани и изложби
-
Бајано: Несторовски не треба да биде опседнат со давање голови
-
„Газета дело Спорт“ со сторија за Македонецот: Несторовски е главен лик во Палермо, душата на тимот
-
Нов гол на Трајковски во дресот на Палермо