| четврток, 6 декември 2018 |

Нов гол на Трајковски во дресот на Палермо

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски му донесе важен бод на својот тим Палермо во трката за првото место и италијанската Серија Б.

Трајковски беше стрелец на голот на Палермо во дуелот од 20. коло на гостински терен кај Чезена, кој заврши без победник 1-1. Токму со голот на мекедонскиот репрезентативец во деветтата минута гостите поведоа со 0-1. Сепак, Чезена стигна до израмнување во 34-тата минута со погодокот на Јами Јалоу.

За Трајковски ова беше трет гол во Серија Б, а вкупно шестти сезонава, бидејќи македонскиот репрезентативец забележа „хет-трик“ во куп натпреварот против екипата на Виртус.

По дваесет одиграни натпревари Палермо е лидер на табелата во Серија Б со 36 бодови, два повеќе од Фросиноне, односно три повеќе од Бари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top