| четврток, 6 декември 2018 |

Дилер донел дрога за Дарко, настанала драма во болницата: Пејачот е во сериозна криза!

Медицинскиот персонал во КБЦ Земун во последен момент спречило непознат маж да влезе во просторијата на интензивна нега кај Дарко Лазиќ, со намера да му достави наркотици, дознава српски Курир.

Покрај бројните проблеми со скршениците на коски, внатрешните крварења, откажувањето на органите и хематомите по телото, лекарите имаат проблем и со апстиненцијалната криза низ која минува пејачот од моментот кога се разбудил од вештачката кома.

Во јавноста пред неколку дена дојде информацијата дека Лазиќ од докторите барал да му донесат нешто, па пријателите решиле да му ја исполнат жебата, веројатно несвесни дека тоа би можело дополнително да му го загрози животот.

Според сознанијата на Курир, во понеделникот попладне дежурната медицинска сестра забележала маж околу 30 години кој се врткал околу вле3зот на интензивна нега, обидувајќи се да влезе внатре.

Таа веднаш му пришла и го прашала кај кого дошол и што му треба. Момчето почнало да замуцкува, повторувајќи дека е пријател на Дарко и дека сака да го види. Таа му рекла дека тоа е невозможно, а бидејќи и бил сомнителен, го повикал обезбедувањето да го испрати до излезот.

Еден од стражарите раскажал дека станува збор за познат дилер кој повеќепати е апсен поради препродажба и поседување на дрога.

-Ние бевме шокирани кога слушнавме дека некој испратил дилер кај пациент во тешка здравествена  состојба да му донесе нарктоици, таков случај досега немаме – рекол извор од болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top