Животот на Дарко Лазиќ се уште е загрозен, согласни се лекарите. Без оглед на тоа што од минута во минута се следи неговата состојба и тој ја добива неопходната терапија, неговата судбина е под голем знак прашалник.
Пулмологот др. Татјана Радосављевиќ вели дека закрепнувањето ќе биде долго, бидејќи белите дробови и ребрата не можат да се имобилизираат, туку мораат спонтано да закрепнат.
-Повредата на градниот кош во случај на политраума е сериозна, животно загрозувачка состојба. Градите се контунизирани и постојат голем број на преломи, па тоа го пореметува дишењето. Исто така крвта и течноста се задржуваат во белодробната марамица, што предизвикува гушење. Закрепнувањето може да биде без големи последици, но може да дојде и до формирање на ткиво кое го пореметува дишењето-вели докторката.
На прашањето дали Лазиќ би можел да остане без повреденото белодробно крило, соговорничката вели дека тоа може тоа може да се случи дури кога целосно ќе заздарави, доколку има проблем со спонтаното дишење.
-Лекарите сега можат само да му даваат лекови и редовно да му ги снимаат градите и да чекаат тие сами да заздрават-рекла докторката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.