Откако добиле информација дека Дарко Лазиќ се разбудил од кома, припадниците на полицијата дошле во КБЦ Земун како би земале изјава за сообраќајната несреќа која се случи на 23 октомври.
Лекарите на сообраќјаниот полицаец му дозволиле во собата на Дарко, да се задржи само две минути, поради здравствената состојба во која се наоѓа пејачот. После тоа полицајците зборувале со таткото на Дарко, Милан.
-Сообраќајниот полицаец бил на службена должност, но и самиот знаел дека Дарко се уште е животно загрозен без оглед на тоа што е разбуден од вештачка кома и што може да зборува, па не сакал многу да го испрашува. Тоа ќе го остави за подоцна, кога пејачот ќе го напушти одделението на интензивна. Дарко трпи јаки болки поради што е под силни седативи, но полицаецот само си ја вршел својата работа. Единственото прашање кое полицаецот му го поставил на Дарко е дали се сеќава на несреќата, но Дарко рекол дека се сеќава како низ магла на несреќата-рекол извор од болницата.
-Рекол дека не се сеќава на деталите, но свесен е дека во болницата се наоѓа поради незгодата која ја преживел. Не е познато дали на настанот се сеќава од лично искуство, или за него слушнал од лекарите и семејството-додал изворот.
Кога Дарко ќе закрепне, веројатно го чека голема парична казна поради предизвикување општа опасност во безбденоста во сообраќајот, возење во алкохолизирана состојба, без појас. Возачката не можат да му ја земат, бидејќи нема возачка, односно таа му е одземена уште пред 5 години.
-Доколку дојде до сообраќајна несреќа во која е повреден само возачот кој управувал со своето возило, тогаш во прашање е прекршок за кој може да биде одредена или затворска или парична казна, но ако лицето кое доживеало несреќа управувало со туѓ автомобил и притоа направил голема материјална штета, тука има и елементи на кривично дело – рекол директорот на Комитетот за безбденост во сообраќајот Дамир Окановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.