На семејството на Дарко Лазиќ конечно му олесни, бидејќи пејачот полека, но сигурно заздравува. Иако го чека операција на бутната коска, откако организмот ќе му заздарви, најголемата криза помина. Дарко се разбуди од вештачката кома, а во текот на вчерашниот ден од устата му е изваден тубусот и заменет е со маска за кислород.
Најголемата грижа на семејството Лазиќ покрај Дарко е неговата ќерка Лорена, која секојдневно прашува за татко и. Како што се дознава, таа не знае во каква состојба е нејзиниот татко, но постојано го бара. Најголема мака околу неа има се уште законската сопруга Ана Севиќ.
Како што открива за Ало нејзина блиска пријателка, Ана поради тоа е очајна. Постојано плаче, но се труди нејзината ќеркичка ништо да не дознае.
-На Лорена веќе и е сомнително зошто со денови не го чула Дарко, со оглед на тоа дека тој пред несреќата беше во постојан контакт со неа. Упорна е да се слушне со татко и, меѓутоа Ана ја убедува дека тој е на пат и дека не може да и се јави. Кога посакува пред спиење да го слушне, Ана наводно му ѕвони и и кажува дека не е достапен, бидејќи е во странство или дека спие. Лорена се буди ноќе и плаче, како да чувствува дека нешто не е во ред- вели блиска пријателка на Ана Севиќ и додава дека целата ситуација тешко и паѓа на Ана.
-Откако ќе ја успие Лорена, Ана се затвара во другата соба и плаче. Ужасно ја невираат приказните кои секодневно се измислуватат за неа, па целата ситуација ужасно ја погодува, бидејќи знае дека агонијата ќе трае. Сепак има поддршка од Даниел, кој цело време е крај неа и не и дозволува да падне со дух- додала пријателка на Ана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.