| четврток, 6 декември 2018 |

Му ги симнаа завоите од главата: Дарко Лазиќ ја доби првата рунда со тешките повреди!

Здравствената состојба на Дарко Лазиќ, кој пред осум дена доживеа стравична несреќа кога неговиот автомобил слетал од патот и се превртел на кров, е се подобро, дознава српски Курир.

Како што изјавил еден од лекарите од КБЦ Земун, пејачот се чувствува се подбро и неговата здравствена состојба се подобрува, а симнати му се и завоите од главата. Пејачот е симнат и од апаратите за дишење.

Инаку Дарко помина 6 дена во вештачка кома, извадена му е слезината поради внатрешно крварење, лекарите се бореа за неговиот живот поради тешките повреди кои ги претрпе.

Она што му претстои во блиска иднина е оперција на ногата, но тоа допрва лекарите треба да решат кога ќе  се направи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top